Дваесет и деветгодишниот осомничен за трагедијата на Вир е донесен на распит во канцелариите на жупаниското државно правобранителство во Задар по ноќта помината со надзорникот на притворот на ЈУ Задар, со наведната глава и видно уништен.
Го чека распит во обвинителството за предизвикување сообраќајна несреќа со смртен исход бидејќи во саботата доцна навечер зави во црно петчлено семејство од Велики Равен кај Крижевци.
Осомничениот возач, кому му се заканува затворска казна од 3 до 15 години, според полицијата, имал 1,75 промили алкохол во крвта кога ги собрал пешаците кои се движеле по работ од патот во темница без јавно осветлување.
Мајката загина
Хрватска ја згрози страшната сообраќајна несреќа на островот Вир, каде пијан возач покоси семејство со три деца. Ја убил мајката, таткото и децата се повредени.
„Лекарите од задарската општа болница рекоа дека се задоволни од состојбата на таткото и девојчето, но се уште се спроведуваат интензивни мерки за лекување на момчето. За среќа, единаесетмесечното бебе преживеа само со полесни повреди“, изјавија Бруна Папиќ и Дражен Малчиќ, началник на сообраќајната полициска станица во Задар.
Запрашан дали полицијата ја утврдила брзината на автомобилот што го управувал пијаниот возач, тој рече:
– Не ја утврдивме брзината, но до сообраќајната несреќа дошло поради непрописна брзина и дејство на алкохол, кое кај возачот било 1,75 промили. Се работи за висока концентрација на алкохол во крвта, а според моите досегашни искуства, возачот не бил свесен за постапката, но Центарот за криминалистичко вештачење ќе ни даде точно мислење за се по анализа на крвта и урината, вели Малчиќ.
Бебето од ударот исфрлено дури во грмушките
11-месечното бебе го пронашле очевидци бидејќи го слушнале детскиот плач од грмушките. Од силината на ударот најверојатно била ифрлено таму од количката
Глетката, велат оние кои први се нашле на местото, била страшна.
„Го извадивме акумулаторот од автомобилот за да не се запали, го обезбедивме местото на несреќата и отидовме на помош на Итната медицинска помош да ги санираме настраданите и да ги испратиме во болница што е можно поскоро“, изјави за РТЛ шефот на доброволната противпожарна бригада Пљушак Нин, Јошко Јурлина.
Возачот (29) кој поминал без посериозни повреди е уапсен.
– Утре ДО ќе го изврши првиот распит на осомничениот, тој ќе биде спроведен кај истражен судија. Ќе побараме мерка притвор. Според последните измени на Кривичниот законик, за тоа кривично дело е предвидена казна затвор од три до 15 години – изјави Ивица Шкара, заменик на општинскиот државен обвинител во Задар.
Жителите на Вир се револтирани од состојбата на тој неосветлен пат.
-Досега годинава на подрачјето на општина Вир се случиле 61 сообраќајна несреќа со 2 загинати. Лани во истиот период се случиле 64 сообраќајни незгоди, но со еден фатален исхид. Повеќето несреќи се случуваат во летните месеци. Полицијата редовно спроведува акции на подрачјето на Вир – изјави началникот Малчиќ за Нова ТВ.
Што открила полицијата кога пристигнала на местото на несреќата, праша репортерот на ТВ Дневник Нова.
– Страшна глетка. Расфрлани детски работи, седиште за дете, а најлошото, мртво тело на пешак. Според досегашното истражување, може да се каже дека мајката со своето тело ги спасила другите. Прва била удрена додека ја туркала количката пред себе, го примула најголемиот удар . Во таа прилика, сопругот и другите деца биле исфрлени од коловозот на земјена површина кога возилото ги удрило – ги откри деталите Малчиќ.