Македонскиот државјанин Жан Н. денеска се обидел да се самоубие во Белград полевајќи се со бензин и се запалил бидејќи работници дошле да ја урнат бараката во која живеел со мајка му. Откако работниците го изгаснале пожарот со ПП мапарат, несреќниот млад човек сам отишол во продавницата оддалечена цел километар да моли за помош, објави Блиц.рс.

Како што дознава „Блиц“ од работниците на градилиштето кај оваа касарна, Жан и неговата мајка имале „станарско право“, но морале да бидат иселени бидејќи бараките во кои живеат се наоѓаат на градилиште на станбен комплекс, вели инвеститорот.

– Сакавме легално да ги иселиме, но немаа каде да одат, вели тој и додава дека мајката на несреќниот маж во еден момент ги гаѓала со камења.

Ситуацијата брзо ескалирала и очаен поради можноста да остане бездомник, Жан Н. се полил со бензин и се запалил!

Работниците кои дошле да ги иселат со себе понеле и ПП апарат, најверојатно затоа што Жан претходно се заканувал дека ќе се самозапали, а веднаш откако го сторил тоа, го изгаснале пожарот на неговото тело!

Несреќниот и тешко повреден маж отишол сам на километар до првата продавница и ги молел рвработените за помош.

– Тие работници на градилиштето дојдоа пред нивната барака со секира, пила и ПП апарат. Веднаш беше изгасен кога се запалил, но сепак се здобил со страшни повреди. Кожата му висеше од рацете… велат шокираните вработени во продавницата.

Како што велат, Жан го познаваат од порано бидејќи од раѓање живее во таа барака.

– Ја споменуваше мајка си, беше „надвор од себе“. Повикавме брза помош да го земе и истрчавме во касарната да видиме што не е со неа. Но, за среќа, таа беше добро – велат тие.

Како што велат, знаеле дека тој и неговата мајка морале да се иселат од касарната каде што живееле повеќе од 30 години.

– Соседот, Македонец, од раѓање живее тука. Имале станарско право, но тој барал пари, а инвеститорот не сакал да му ги даде… Неколку пати се заканувал дека ќе се запали… Сега таа закана ја оствари – додаваат оттаму.

„Сè е уништено…“

Жан бил пренесен во Ургентниот центар со ужасни изгореници, а шокираната жена, мајката на Жан, кратко рекла: „Се е уништено“.

Таа лежеше на земја и плачеше. За синот не можела ништо да каже, а за бараките во кои живееле додала:

– Пред некој ден демолираа помошни објекти, кујната и бањата. Утрово дојдоа и рекоа дека нема да не допираат. После половина час се појавија и почнаа да рушат. Да не излезевме ќе бевме убиени.