Македонски државјанин е убиен во Сончев Брег, јавуваат бугарските медиуми повикувајќи се на информации од полицијата. Мажот бил избоден со колец.
Во четвртокот околу 11:00 часот, регионалната канцеларија на Несебар добила порака дека машко тело со видливи повреди на главата е пронајдено во шумска површина до ресторанот Бацвата на Сончев Брег – Запад.
По увидот на полицијата, било констатирано дека телото е на 49-годишен македонски државјанин. Тој на 24 јануари влегол во Бугарија преку граничниот премин Деве Баир-Ѓуешево. Според полицијата, извршител на убиството е 14-годишно момче од Несебар.
Убиството е извршено со прободување со остар колец. Се истражуваат причините за убиството. Работата на случајот ја продолжуваат вработени во одделението за „Криминална полиција“ при ОДМВР – Бургас и Регионалната управа – Несебар. На младиот човек му е одредена потерница до 24 часа.