Во Италија, во Акви терме, на 48 годишна возраст ненадејно почина Ванчо Шани Арсов од Делчево кој во оваа земја со семејството на работа е подолг период. Поради ова, тие денес до пошироката јавност упатија Апел за помош.
Јас сум Сузана и собирам донации за фамилијата на мојот зет Ванчо Арсов. Тој ненадејно почина на ден 11.01.2024 година од срцев удар.
Мојата золва, со две малолетни деца се најде во непредвидена ситуација со многу финансиски трошоци кои неможе сама да ги покрие.
Од овие причини Ве замолувам кој колку е во можност да донира за да можеме барем малку да и помогнеме во овие тешки моменти,кога остана сосема сама со две малолетни деца, стои во трагичниот апел .
Смртта на Ванчо во Италија е втора за само неколку дена која снајде двајца нашинци на работа во странство. Претходно, во Германија почина 34 годиниот штипјанец Баже Јорданов за кого исто така беше организирана помош за да биде погребан во родниот Штип.