Прилепчанецот Драган Шеќероски кој што со своето семејство живее надвор од нашата земја, преку социјалните мрежи предупредува дека некој злонамерно го активирал профилот на неговиот покоен татко, профил преку кој што сега се испраќале заканувачки и вознемирувачки пораки – како до фамилијата Шеќероски, така и до некои нивни пријатели.
Драган, денеска на неговиот Facebook профил објави ВОЗНЕМИРУВАЧКО ИЗВЕСТУВАЊЕ, во кој што самиот тој вели:
“Ве известуваме дека повторно некој,си игра со чувствата на нашата фамилија.Во последните недела дена повторно е активиран профилот на мојот ТАТКО кој веќе е починат 5 години.На наши блиски пријатели роднини па и мене се испраќани пораки и понуди за пријателство а кај поединци и со вознемирувачка содржина. Ве замолуваме сите да го споделите овај мој пост и извршите блок на неговите профили а доколку некој има шанса нека пријави слободно во полиција доколку е возможно да конечно го откриеме сторителот.Знаете сите дека ние сме надвор од Македонија па за таа цел ве информираме и бараме помош од сите гргани пријатели роднини ако може да се спречи оваа појава и да ги оставиме починатите да почиваат во мир .Ви благодариме на разбирањето фам Шеќероски” – напиша прилепчанецот Драган Шеќероски на неговиот профил на социјалните мрежи.