Патниците од српскиот автобус не можеле да излезат додека не пристигнала брзата помош. Паднаа во ендек, но не многу длабок, вели Македонец кој утрово се нашол на местото на несреќата после тешката сообраќајка кај Евзони.
Три лица загинаа утрово во страшна сообраќајна несреќа во која учествувале автобус со нишки регистарски таблички и автомобил, што се случи утринава, нешто пред 07:00 часот, на 521-от километар од магистралниот пат Атина-Солун, во близина на областа Поликастро кај Евзони.
Како што раскажал еден од очевидците, глетката била страшна, а над хаубата на автомобилот виселе две тела.
Еден од очевидците, Македонец, кој утринава се враќал дома од Кушадаси, наишол на сообраќајна несреќа на патот што го потресе регионот. Имено, како што објасни тој, на местото на настанот пристигнал малку откако се случила несреќата и таму видел страшна глетка. Вели дека му е тешко да се сети.
– Беше страшно, се уште сум во шок. Едното возило беше на сред пат, целосно згмечено, а од него над хаубата висеа две тела, најверојатно возачот и сопатникот.
Патниците од српскиот автобус не можеле да излезат додека не пристигнала брзата помош. Паднаа во ендек, но не премногу длабоко – рекол тој.
Во сообраќајната несреќа учествувале двокатен туристички автобус со српски регистарски таблички и 78 патници, кој директно се судрил со автомобил со четворица патници.