На 23.05.2022 во 17:10 часот во Полициска станица Кочани, С.К. (36) од Скопје пријавил дека Р.А.(27) од Кавадарци, кој извршувал работни задачи на објект во с.Тркање, најверојатно паднал во канал за наводнување, кој се наоѓал во близина.
Полициски службеници излегле на местото на настанот и во координација со ТППЕ на Кочани преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
За настанот е запознат јавен обвинител.