Младата девојка од Кавадарци Марина Ристова за која цела Македонија собираше средства, за ѓал ја загуби битката со канцерогената болест со која се бореше подолго време. Нa 12-ти март требаше да наполни 33 години.
На социјалните мрежи со трогателни пораки се простуваат од неа.
„Мила и непрежалена моја Марина. Ти реков: Не се откажувај! Ми рече: Не можам повеќе! Ти реков: Можеш и мораш! Ми рече: Имам страшни болки, долго трае ова моето.. Се надевам дека ништо нема да те боли таму каде што замина. Патувај до портите небесни, најди мир и спокој, иако не беше за таму. Секогаш ќе се сеќавам на твоето насмеано и ведро лице. Почивај во мир, мило дете“, стои во една од објавите.
„Те запознав пред околу 8 години и ми беше огромна поддршка кога се вработив. Запознав една прекрасна личност со позитивна енергија и секогаш насмеана. Но зошто? Зошто е толку суров животот и не’ напушти толку рано…