На фејсбук страницата Бардовите на македонското глумиште осамна тажна вест.

Со длабока тага ја примивме веста за смртта на актерката Весна Стојановска Николовска, долгогодишна актерка во Македонскиот Народен Театар во Скопје.

На јавноста позната по улогите во Македонските народни приказни; Еурека; Тврдокорни; Солунски патрдии; Последната македонска елегија итн…

Изразуваме длабоко сочувство до семејството, колегите и пријателите…