Вечерва се одржа големото финале на Ѕвездите на Гранд, во кое победи Никола Станишиќ (25) од Македонија.

Од гласовите, ласкавата титула му припадна на кандидатот од тимот на Цеца Ражнатовиќ, по потекло од Македонија.

-Сакам да им се заблагодарам на сите, посебно на мојата Македонија и на мојата менторка Цеца, рече Никола.

Никола со освоени 138.714 гласови ја однесе победата.

Победничката статуа ја врачи Сузана Јовановиќ, вдовица и доживотна сопатничка на Саша Поповиќ, а оваа година беше воведена и посебна награда – плакета со името на Саша Поповиќ во спомен на ликот и делото на човекот кој ја создаде најголемата музичка империја на Балканот и ја основа „Ѕвезде Гранда“.

Покрај признание и статуа, Никола беше награден и со автомобил „Фиат“, како и комплетен маркетинг што ќе му помогне во понатамошната кариера.