Јулијана Здравковска е лиценциран агент за продажаба на недвижнини и сопственичка на агенцијата „Blue house – real estate во Солун соседна Грција која ја отворила пред две и пол години. Таа е битолчанка и во разговор за bitolanews.mk. Вели дека било тешко странец да добие лиценца за агент за недвижнини во Грција иако е потребно најмалку средно образование кое е признаено во Грција и познавање на јазик на ниво степен В-1. Претходно имала искуство за работа во оваа дејност најмалку 6 месеци. Здравковска вели дека моментно таа е единствен агент со лиценца и сопствена агенција.
„Мојата агенција нуди станови и други недвижности во сите делови на Солун, во Солунскиот залив, на Халкидики, на Олимписката ривиера, на островите, во сите градови во Грција. Ние посредуваме и при купување на станови во било кој дел на Грција, секако и земјиште за граѓани и од Македонија, а целата комуникација е на македонски јазик, се до добивање на имотен лист. Агенцијата посредува и при издавање и изнајмување на станови во Солун и во сите туристички места во Грција, за сите македонски туристички агенции кои сакаат да носат туристи, вели Здравсковска за bitolanews.mk.
Вели дека пандемијата немала влијание на продажбата на недвижнини, не се намалила побарувачката. Интересот е преголем посебно во текот на оваа година.
„Влијание има тоа што многу луѓе веќе ја знаат “BLUE HOUSE“ – real estate агенција, мене, а влијание имаше и пандемијата и корона кризата, стравот од летување во хотели, со што оние кои се во можност купуваат станови, макар и помали, поефтини. Исто така постојат и оние кои инвестираат во изнајмување станови за сместување преку летната сезона. Има можност и некои инвестираат во постари станови, ги реновираат и го продаваат поскапо, па заработуваат. Има многу станови кои се на добри локации во Солун, околу центарот, но се стари и бараат реновирање и со реконструкција добиваат повисоки цени. Сите овие можности им носат дополнителен приход. Со купувањето се добиваат и бенефиции. На пример, со купување на имот од над 250.000 евра имот, се добива и златна виза. Покрај тоа на кое име е ивестицијата оваа привилегија ја добиваат и потесните членови на семејството. Со купен имот од над 2.000.000 евра се добива и државјанство. Нашата агенција има многу добар тим и соработка со адвокати и нотари со кои соработува и лесно посредува во добивање на златна виза и државјанство. Исто така и во водење на документи, заверка, превод и се друго, вели Здравковска.