Во синоќешната емисија на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, натпреварувачката Марија Груевска ги шокираше сите, кога на сцената се појави со змија.

Имено, таа за време на својот настап имаше змија околу струкот, која се виткаше околу неа, додека таа ја изведуваше песната на Тијана Дапчевиќ „Негатив“. Марија со провокативниот стајлинг привлече големо внимание, ама во фокусот сепак беше животното.

Членовите на жирито беа шокирани кога го видоа нејзиниот перформанс, додека Ана Бекута и Вики Миљковиќ, цело време се препотувале заради змијата.

Вики едно време почна да се лади со лепеза, а по нејзиниот израз се гледаше дека не и е пријатно.

Човече, треба храброст за вакво нешто – се согласија сите после нејзиниот настап.

Како тоа изгледаше погледнете на видеото од 1:26:00.