Почина истакнатиот музички автор и продуцент Тоше Поп Симонов, една од значајните фигури на македонската музичка сцена.

Веста за неговата смрт ја соопшти неговиот колега, продуцентот и автор Валентино Скендеровски, преку објава на социјалните мрежи.

„Почивај во мир, Тоше“, напиша Скендеровски под фотографијата што ја сподели.

Тоше Поп Симонов беше познат по својот уникатен стил и способност да создава музика која допира до срцата на луѓето. Неговото влијание ќе продолжи да живее преку неговото дело и сеќавањето на сите кои го познаваа и соработуваа со него.

Поп Симонов беше истакнат македонски музички автор, продуцент и аранжер, познат по својата креативност и влијание на музичката сцена во Македонија и пошироко. Во својата плодна кариера, соработуваше со бројни македонски и регионални изведувачи, меѓу кои и Тоше Проески, Дарио, Верица Пандиловска, „Фрајле“ и Алка Вуица.