Инфлуенсерката Александра Шијакоска, со 48.000 следбеници, вчера на својот инстаграм-профил по земјотресот кој најсилно се почувствува токму во нејзиниот роден град Битола, искрено споделуваше како се чувствува.

Таа раскажа дека првпат во својот живот доживеала напад на паника и сфатила дека по овој настан поинаку ќе гледа на животот.

„Таа глетка на родители како трчаат по скали со дечињата во раце. Застрашувачки. Се јавив кај семејството да видам дали се добри…“, пишуваше Александра Шијакоска за време на земјотресот со епицентар во Лерин, кој силно се почувствува и во нејзината родна Битола, како и во други македонски градови.

Завчера Битола остана будна. По земјотресот кој се почувствува најсилно во овој град, граѓаните седеа надвор плашејќи се од афтершокови, а многумина споделуваа и фотографии од оштетени делови од станбени објекти.

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸