Почина еден од најпознатите македонски бодибилдери и фитнес тренер, Мирко Петровски. Дел од јавните личности веќе се простуваат од Петровски, преку објави на социјалните мрежи.

-Сеуште сакам да мислам дека е само еден лош сон. Мирко мој, не требаше вака да не оставиш. Знам дека имаше уште многу планови зацртани и многу работи недокажани. Денес изгубив(ме) голем другар, голем спортист и татко. Couch мој, на поубаво место си секако каде конечно ќе го најдеш твојот душевен мир. Ќе те памтам како добар човек и лојален другар. Вечна ти слава Мирче мој, објави пејачот Панчо од групата ДНК.

Се огласи и инфлуенсерката Миа Костова, која објави фотографија на која тренира во теретана со бодибилдерот, со која соопштува дека тој починал.

Причината за смртта се уште не е позната.

Петровски е добитник на многу национални и меѓународни награди за бодибилдинг меѓу кои и Државната награда “8-ми Септември” во 2013 година за исклучителен придонес за развој на спортот, афирмација и промоција на Република Македонија на меѓународен план.