Дани Димитровска минатата година се омажи по вторпат со поранешниот кошаркар Горан Веселиновски – Весел.

На веселбата им пееше Ѓоко Танески, а на една од нумерите пејачката изигра танго со синот Лазар (25) од првиот брак.

Познатата пејачка неодамна гостуваше во ТВ-магазинот „Љубовна приказна“ каде конечно проговори за таткото на нејзиното дете.

Откри дека бракот со Јоцо траел кратко, но и дека се’ уште го носи неговото презиме.

„Мислам дека сум една од ретките жени која сè уште го има презимето на сопругот. Јас не го сменив, не го вратив моето моминско презиме. Јас сум Димитровска по Јоцо презимето, но останав Димитровска не поради таа конекција, поради брачната состојба, туку за да го делам презимето со мојот син. За да имаме исто презиме. Затоа што не ми значат многу тие потписи, но имам чувство дека понатаму во животот ќе ми значи да имам исто презиме со мојот син. Како институција“, раскажа Дани во емисијата.