Полицијата приведе тројца гостиварци кај кои пронашла дрон со кој ја снимале Солунска Глава.
„Вчера во 17.15 часот над село Црвена Вода, скопско, полициски службеници ги лишиле од слобода А.И.(49), Г.В.(48) и Л.Б.(50), сите од Гостивар, кои се превезувале во патничко возило „тојота ленд крузер“ со гостиварски регистарски ознаки, постапувајќи по пријава според која со дрон, кој бил пронајден кај нив, вршеле недозволено снимање на Солунска Глава. Лицата се предадени на полициски службеници во Полициска станица Драчево за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следува поднесок“, велат од МВР.