Обвинителството на кантонот Западна Херцеговина денеска испрати предлог до Општинскиот суд Љубушки да му одреди притвор на Д.Б. (41) од Љубушки.

– Како што накратко ни потврдија од обвинителството на ЖК, Д.Б. бил пријавен за семејно насилство, односно дека и нанел повреди на сопругата, објавија босанските медиуми вечерва.

Исто така, вчера бил претресен и неговиот семеен дом каде било пронајдено поголемо количество оружје. Дознаваме дека се работи за автоматски пушки, пиштоли и муниција.

Денис Бунтиќ

Неофицијално ни е потврдено дека се работи за Денис Бунтиќ, поранешен хрватски ракометен репрезентативец кој го освои сребрениот медал на Светското првенство во Тунис во 2005 година.