Мики Секуловски, Андријана Петрушовска, Мелиса Зијадиќ, Шејла Зониќ, Ѓула Дрини и Антонија Черкез го поминаа и вториот пресек во големото финале во „Ѕвездите на Гранд“.
Она што е посебно позитивно за Македонија е што сите наши тројца кандидати го поминаа и вториот круг и сега се во најтесниот избор од ТОП 6 за победник во овогодинешното издание на „Ѕвездите на Гранд“.
Како што соопшти Саша Поповиќ, во првите два круга од гласањето, досега се испратени неверојатни над 320.000 пораки.
После третиот круг на гласање ќе испаднат уште тројца натпреварувачи, по што победникот ќе биде избран од последните тројца кои ќе останат.