Велешкиот адвокат С.С. е осуден на алтернативна затворска казна од три месеци, која нема да се изврши ако во следната една година не стори ново кривично дело.

Тој е прогласен за виновен во Основен суд Велес, за кривичното дело, тешка кражба а пресудата е правосилна. Делото го сторил на 19 мај годинава.

Според обвинението осудениот провалил во куќата на оштетениот на начин што, низ отворената порта влегол во дворот од куќата, а потоа дошол до влезната врата од приземјето на куќата која со туркање ја отворил и влегол во внатрешноста на истото, од каде, одзел еден телевизор, кој бил мотниран на ѕидот, по што ја напуштил куќата.

Телевизорот го однел во заложната куќа.