Вчеравечер, во 21.30 часот, на граничниот премин Богородица, полициски службеници ги лишиле од слобода 19-годишниот И. Д. и 21-годишниот Н. А., двајцата од Република Грција, извести МВР.

„При извршени гранични проверки, односно проверка во багажникот на патничкото моторно возило „дачија дастер“, во кое се превезувале, било пронајдено уште едно лице – грчки државјанин, без документи. И. Д. и Н. А. биле задржани во полициска станица, а лицето без документи било предадено во Прифатно-транзитниот центар за странци“, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.