Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврдила дискриминација во Миравци, откако еден ученик од основното училиште „Свети Климент Охридски“ сам си ја исекол косата плачејќи поради тоа што фризурата не им се допаднале на класната, педагогот и директорката, пренесува САКАМДАКАЖАМ.
Комисијата била известена на почетокот на септември од страна на мајката.
Мајката на почетокот на септември од страна на училиштето добила порака од училиштето дека момчето требало да дојде „средено“ во косата, и притоа навела дека нејзиниот син немал долга коса.
На 1. септември таа го исрпатила синот со опавче, а истиот ден директорката на училиштете усно наредила на класната да го отстрани опавчето на детето, и следниот ден детото да дојде со „средена“ фризура.
Детето не кажувајќи дома, а по разговор со мајката и со класната, плачејќи земало ножички и само си ја скротило косата над очите. Следниот ден ученикот заминал да ја поправи на фризер. Мајката вознемирана побарала разговор со директорката, која ја информирала дека училиштето имало кодекс на облекување.
Дополнително, мајката ѝ посочила на директорката дека истата фризура ја имал еден од вработените, а и девојче од 9-то одделение, од истото училиште. Но, од страна на педагогот мајката била предупредена оти ако не ја средело фризурата, детето нејзино ќе добие укор, што е мерка пред бркање од училиште.
Мајката случајот го пријавила и пред Народниот правобранител.
Во одлуката за утврдена дискриминација, Комисијата дава и задолжителни препораки за училиштето.
„Се препорачува ООУ ‘Свети Климент Охридски’ – Миравци да се воздржи од родово-стереотипни дејствија и донесување на родово-стереотипни правила за однесување во училиштето, како во случајот. Се препорачува училиштето да ги ревидира интерните акти како куќниот ред, од аспект на родова еднаквост, со цел преку нив да се промовира родова еднаквост, место родови стереотипи“, стои во препораката на КСЗД и се додава дека во спротивно, училиштето во Миравци ќе биде пријавено пред суд.