Во моментов, најголемите воени дејствија се одвиваат во вториот по големина град Харков. Токму таму, според последните информации од претседателот на Украина велат дека загинале десетици цивили.
Токму таму, е заглавено македонско семејство. Веста ја споделија од министерството за надворешни работи, а министерот Османи рече дека се прават напори денес да се извлече тоа семејство.
„Има едно семејство со 5 дневно бебе во Харков каде што се одвиваат најголемите воени дејствија во моментот и ние со нив сме во постојана комуникација. Тие не можеле да одговараат на нашиот повик за да ја напуштат Украина затоа што чекале термин за породување кој што бил на неколку дена пред руската инвазија. Воспоставивме комуникација со повеќе министри за тие кои имаат пристап до тој град, кој се наоѓа до границата со Русија, очекуваме денеска ако успееме да го извлечеме тоа семејство“ – кажа Османи.
Девет лица, меѓу кои три деца, беа убиени во понеделникот по напад на руски касетни бомби за кои се сомнева дека цел биле станбени згради во вториот по големина град во Украина.