Министри, функционери, вработени во јавна администрација од вчера на друштвените мрежи споделуваат постер на кој е испишан бројот 28 (денот кога ќе се гласа техничката влада) покриен со знамето на Албанија.

Фотографијата ја сподели и Министерот за надворешни работи Бујар Османи.

За прв пат во недела Македонија ќе добие премиер Албанец. Тоа се очекува да биде Талат Џафери. Ова е договор од последната Влада меѓу Заев и Ахмети.

Никаде не е истакнато македонското знаме на креативата подготвена за друштвените мрежи.