Пред неполна година ни ги земаа децата дојдоа од Jugendamt. Ни кажаа од суд дека ке мора проценител да ја процени ситуацијата децата да се вратат дома. Сето тоа траеше со месеци и за тоа време прво почесто, а потоа поретко се гледавме со децата.
Сега повторно имаше судење и проценителот напишал многу лоши работи за жена ми и за мене и сакаат уште година две да ги држат децата кај нив. А јас сум здрав, жена ми оди на терапија и има од психијатар дека е стабилна.
Имаме адвокат и имаме право на жалба за таа одлука, но адвокатот не советува да не правиме жалба и после шест месеци да отвориме ново дело. За тоа време јас и жена ми треба да имаме позитивен резултат од paar therapy.
Дали имал некој слично искуство некако да успееме да си ги вратиме децата дома некој да знае некој добар адвокат што може да ни помогне. Schleswig-Holstein и околината на Hamburg.
(Објавено на Фејсбук групата Македонци во Германија)