Тешка трагедија ја потресе македонската заедница во Швајцарија. Охриѓанка и нејзиното едномесечно бебе се пронајдени мртви со убодни рани, по наводна вербална расправија со нејзиниот сопруг.

Семејството живеело заедно во Швајцарија, а според првичните информации, трагедијата се случила ноќеска. Причините и точните околности под кои дошло до трагичниот настан засега се нејасни.

Случајот е под истрага од швајцарските власти, кои треба да утврдат кој ја предизвикал трагедијата и дали се работи за семејно насилство со фатален исход- според неофицијални информации, сопругот ја признал вината пред властите.