Некогашниот директор на Службен Весник на Македонија, а денес актуелен пратеник во Собранието, Мартин Костовски на Фејсбук објави дека е официјален кандидат за градоначалник на Куманово!

Во својот пост тој вели:

„Убав ден другари и другарки, сопартијци и соборци, драги кумановци.Денеска во просториите на Општинска Организација СДСМ Куманово, ја потпишав изјавата за прифаќање на кандидатурата добиена од месните одбори.

Покрај пополнетата изјава и личната биографија, ја доставив и програмата со која сакам да ја побарам поддршката од мојата партија за кандидат за градоначалник на Општина Куманово на претстојните локални избори.

Во изминатите години постигнавме многу за Куманово и кумановци, а знам и верувам дека ќе постигнеме уште повеќе. СДСМ е најдоброто за Куманово, СДСМ победува, кој и да биде кандидат на СДСМ е #најдобротозанашатаопштина

Ваш Мартин Костовски

Владејачката партија СДСМ сега чека да види кој ќе биде политичкиот противник на Костовски во борбата за градски татко на општина Куманово за наредните локални избори во втората половина на октомври 2021 година.