Туристи кои моментално летуваат во Грција, во местото Неа Флогита кај Филатеки, на улица нашле мало девојче и сега ги бараат нејзините родители.
Нејзината слика е објавена во групата „Грчка инфо“ и се наведува дека девојчето има три години.
– Најдовме девојче кое беше изгубено на возраст од 3 години. Се вика Марија и најдена е на местото Неа Флогита во Филатеки, доколку некој ги препознае, нека ги извести – се наведува во апелот.
Како што е наведено во коментарите под објавата, луѓето кои го пронашле девојчето контактирале со полиција и во моментов чекаат некој од родителите да се јави.
ОБНОВЕНО: Најдени се и нејзините родители
По повеќе од час и половина откако туристите ја пронајдоа малата Марија (3) на улица во Неа Флогита кај Филатеки во Грција, пронајдени се и нејзините родители.
– Ги најдовме родителите на малата Марија и ги возиме во полициска станица да ја собереме Марија која таму ги чека. Во ред е луѓе. Фала му на Бога – изјавил авторот на објавата на Фејсбук групата „Грчка инфо“.