Малиот Огњен Јерковиќ (6), момче кое има дури 14 дијагнози, е оперирано во болница во Сан Диего, Америка. Поради изумирање му е изваден дел од десната страна на мозокот, а го чека уште една операција, исто така на мозокот.

Да не беше опериран Оги, немаше да живее ниту една година, изјави за „Блиц“ неговата мајка Марија Јерковиќ.

Ова момче, кое зема повеќе од 20 лекови дневно, а се одржува во живот благодарение на матичните клетки, моментално е прикачено на уред за следење преку диоди кои лекарите од болницата во Сан Диего, која беше единствената што го прими, му ги вградија директно на неговиот мозок.

– За 7 дена треба да направат нова операција, кога ќе му отстранат повеќе делови од мозокот. Мозокот му умира. Да не беше опериран, немаше да издржи повеќе од една година, како што ни рекоа лекарите – вели за „Блиц“ мајката на малиот Огњен Јерковиќ.

Паднал од рацете на докторка при раѓањето и паднал на плочките

Како што додава таа, операцијата не смеела да се изврши одеднаш, па затоа ќе биде подложен на уште една.

Огњен е најмалото, петто дете во семејството Јерковиќ, кое живее во Гроцка. Неговите здравствени проблеми датираат уште од породилното одделение. Според зборовите на неговата мајка, тој веднаш по раѓањето испаднал од рацете на докторката, паднал на плочките и тогаш му пукнале белите дробови.

Му пукнало белодробното ткиво, а гркланот бил повреден при интубација. Тој ја напушти болницата со тешка бронхијална астма.

Тоа беше првата дијагноза, а потоа почнаа да следат и други – тешка форма на епилепсија, мезијална темпорална склероза на мозокот, системски лупус, аутизам, ешерихија, ревматизам и на рацете и на стапалата, има проблеми со цревата…