Една од најпознатите српски пејачки во својата автобиографија откри многу детали од својот живот, со што ја изненади јавноста. Весна Змијанац во својата автобиографија откри низа пикантерии, меѓу кои и колку пиела, но и детали од првото сексуално искуство.

Весна пораснала без татко, кој по нејзиното раѓање се вратил во Хрватска, но и без нејзината мајка, која работела во Австрија.

– Кога завршив основно училиште, се преселив да живеам кај мајка ми Ковина во Виена, но пред тоа веќе бев во врска со наставник по математика. Меѓутоа, кога дојдов во Краљево на одмор по прва година средно, нашата врска стана навистина она што се нарекува врска, љубовна врска меѓу двајца. Сите пречки беа отстранети. Веќе не бев негова ученичка, а иако малолетна, и тогаш изгледав малку повозрасно за моите години. Разликата во години исто така не беше пречка. Барем не за мене. Ми требаше некој постар, некој во кој, без да знам, всушност барав татко. Отпрвин ми пречеше тоа што мојот учител, човек кој ме познаваше буквално од мали нозе, ме испрашуваше и оценуваше, но блискоста си го направи своето, а неговата согласност врската да биде јавна (шетавме фатени за раце) во мене отстрани секаква непријатност – напишала пејачката во својата автобиографска книга „Кога јоргованите ќе замирисаат“.

-Тоа прво љубовно искуство беше некако избрзано, не многу имагинативно, лишено од посебноста и празничното расположение. Не многу болно, но во грч, без глас, немо, нежно, но скромно во нежноста. Се на се, просечно. Претпоставувам дека така морало да биде кога се ќе се земе предвид. Јас кажувам се, а мислам на времето (првиот мрак), местото (шеталиштето крај Ибар) и на нас учесниците. И толку за тоа. Тоа се случи уште два пати за време на мојот одмор, секогаш во приближно исти околности и со речиси ист краен резултат и чувство. Не беше досадно, далеку од тоа, но некако премногу обично. И ми значи, а и не ми значи. И добро ми е,и не ми е. И тоа влија на мене, а и не. Малку сум и разочарана, но се надевам дека разочарувањето ќе помине. За среќа помина без никакви несакани последици или ефекти. Нашата врска заврши сама по себе, а неговото прифаќање на раскинувањето беше логично. Деновите до крајот на распустот ги поминав во близина на Ибар. Никогаш повеќе не го видов наставникот, објаснила Весна.

Весна Змијанац важеше за една од најубавите жени во поранешна Југославија, но признава дека нејзиниот изглед не и донел многу добро кога е емотивниот живот во прашање.

– Сите во мене ја гледаа само таа убавина, додека јас најчесто барав поинаков поглед и мислење. Многу пати сакав да бидам само пријател со некого и на крајот, за таа убавина да не ме чини дебело, наоѓав начин да ја достигнам целта, глумејќи им на мажите.

Таа признава дека се чувствувала осамено за време на нејзината најголема популарност.

– Често се чувствував осамено, бидејќи сите во мене ја гледаа пејачката Весна Змијанац, со која сакаат да се дружат и да и се восхитуваат, а не Весна, обична жена, одлична готвачка, што и бев меѓу другото, кога рефлекторите ќе се изгаснеа. Таа Весна ниту ја знаеле ниту сакале да се сретнат со неа. Затоа, се случуваше често да се враќам од настап или приватно дружење уште поосамено отколку кога останував дома. Многупати сум се покајала што им дадов драгоцено време на луѓе кои не го заслужуваат тоа. Со години и искуството научив подобро да ги оценувам и за неколку минути им читам на лицата „што јадела баба им за да имаат сини очи“. Повеќето од нив беа површни, што ми беше јасно на самиот почеток. Затоа ми беше полесно да бидам сама, да читам и да се занимавам со работите што ме исполнуваат, а не да „млатам празна слама“.