Марија Шерифовиќ одржа концерт во Швајцарија, а во еден момент го прекина настапот поради четворица момци од публиката и веднаш им се обрати.
Имено, Марија им се нафрлила бидејќи цело време додека се обидувала да одржи краток говор упатувале навреди.
„Вие четворицата сте толку невоспитани, тоа е пекол. Вие сте неверојатно лошо воспитани, морам да ви го кажам тоа, извинете. Навистина сте лошо воспитани. Ако разбирате, ако не разбирате, преведете им. Уф како се изнервирав, би им е*ала мајката сега. Но, ајде, нема врска, млади се. Да не даде Господ син ми да биде таков, би се убила веднаш. Сега ви простувам, друг пат нема, рече видно вознемирената Марија.
@tanjasrdjevic @Marija Serifovic 🩷👏🏻 #marijaserifovic #serifovic #dolaziljubav #drugacija #buditedobro #zürich #foryou ♬ Originalton – Tanja Srdjevic 🌹
Публиката гласно ја поддржа со извици „Браво“ и аплаузи. Ова не е прв пат Марија да доживее непријатност на концерт. Потсетуваме, пејачката реши да го прекине настапот на новогодишната ноќ во Зеница бидејќи непознато лице од публиката фрлило петарди кон неа.
Пејачката тогаш додаде дека не може против себе и дека си ја врши работата како што треба и дека не сака да се занимава со лудаци.
„Тоа сега е помалку важно. Што сакам да кажам? Беше чест и задоволство да пеам за вас час и 45 минути. Оваа ситуација не ми се случила одамна. Ќе се преправам дека воопшто не се случи. Сигурна сум дека и вие не сте многу горди на тоа, но да го оставиме на страна тоа“, рече таа во Зеница пред неколку месеци.