Марија Шерифовиќ вчера на својот Инстаграм профил сподели фотографија на која на обожавателите им покажа како изгледа во костим за капење.
Имено, се работи за стара фотографија од летен одмор на која е присутна и нејзината мајка Верица Шерифовиќ, а на која може да се види како седат заедно на иста лежалка додека Марија носи дводелен костим за капење.
Она што е интересно е фактот што Марија речиси никогаш не споделува вакви фотографии на социјалните мрежи. Има само неколку фотографии на кои носи костим за капење, но и тогаш Марија позира за да не открива премногу од своето тело.
Оваа фотографија привлече големо внимание, а ја контактираа и некои нејзини познати колешки кои на неа и на Верица им испратија поздрави и емоџи со срце.
Инаку, Марија Шерифовиќ е позната по својот лежерен стил на облекување каде најмногу носи фармерки и памучни маички со кратки ракави. За свечени пригоди избира одела, а само неколку пати носела здолништа во јавност. Еднаш во обложување со Саша Поповиќ во емисијата „Ѕвезде Гранда“ на шега облече долго здолниште од тул, кое го позајми од една од натпреварувачките.