Големата трагедија што се случи во Кочани го зави во црно овој град, но и цела Македонија.
Бројни новинарски екипи од соседството, но и од целиот свет се присутни на лице место и известуваат за големата несреќа и последиците од неа, но и за младите жртви што настрадаа во страшниот пожар што се случи ноќта помеѓу 15 и 16 март.
Една од нив, како што објавија и медиумите од соседството, е и убавата Марија Шопова која со години работеше во ноќниот клуб „Пулс“.
Таа најверојатно кобната вечер била на работа во дискотеката, а по несреќата нејзините родители неуморно ја бараа.
Loading...
Под секоја од овие објави има бројни тажни коментари на кои најмногу оние што ја познаваа изразуваат сочувство до семејството.
Loading...