Марина (19) е прогласена за виновна и осудена затоа што со сопругот се занимавала со проституција и со тоа го нарушила јавниот ред и мир, објавува хрватскиот портла danica.hr.
Според пресудата изречена во петокот, младата и штотуку мажена жена во периодот од 26 јануари до 16 мај годинава, преку веб-страницата на ТД Огласник, во делот „лични контакти“ во активниот оглас наречен „Пар_24“, рекламирала сексуални услуги.
За комуникација и контакт таа го навела т.н „службен“ број на мобилен телефон, а потоа нудела сексуални услуги на заинтересирани мажи.
По цена од 70 евра за половина час и 120 евра за еден час понудила и обезбедила сексуална услуга, т.н. „рачна работа“, како и гледање на сексуалниот однос меѓу неа и нејзиниот сопруг.
Значи, се занимавала со проституција, при што направила прекршок од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, наведе судијата за прекршоци во денешната пресуда.
Бидејќи не одговарала на повиците на судот, од полицијата било побарано на терен да ја провери адресата на обвинетата, по што Марина се јавила во судот и телефонски било договорено рочиштето да се одржи на 27 октомври годинава.
„Обвинетата се обврза да присуствува на таа расправа. Но, таа не присуствуваше, ниту го оправда своето отсуство“, нагласува судијката, па беше одлучено рочиштето да се одржи вчера без нејзино присуство.
Обвинението против неа Службата за организиран криминал на Полициската управа во Загреб го поднесе по спроведена истрага во јули годинава. Доказите собрани во процесот биле доволни за судијата да ја осуди.
Таа е осудена на парична казна од 100 евра. Против денешната пресуда Марина има право на жалба во рокот предвиден со закон.