Марко Милошевиќ, член на Здружението за спортски риболов од Билеќа во Босна и Херцеговина, на Билеќкото езеро улови сом долг 2,16 метри и тежок 60 килограми.

Ова е најголемиот улов на Милошевиќ досега. Во борбата за „капиталецот“ на езерото Билеќа, тој ја имаше и поддршката од неговиот братучед Ѓорѓе Иниќ. Според Марко, овој сом капиталец е неговиот најголем улов досега, пишува порталот РТРС.

– Борбата траеше околу 90 минути. Сомот ме влечеше околу 1.500 метри од почетокот до крајот на борбата. Немаше да можам сам да го извлечам, ако мојот братучед Ѓорѓе Иниќ, кој беше таму, не ми дојдеше на помош , посочи Марко и додаде дека тој е рибар уште од дете, и е независен рибар на чамец 10 години.

Марко вели дека користел опрема за мала риба, а извадил многу поголема.