Синоќа пред полноќ полицијата реагирала поради групна тепачка во и пред кафеана во центарот на Скопје.

„На 30.12.2021 во 23.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во и пред угостителски објект на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Т.(21), А.Ќ.(21), А.Х.(20) и Е.Х.(19), од едната страна и К.Н.(29), Г.Б.(54), Д.П.(41) и В.Н.(23), од друга страна, сите од Скопје“, соопшти полицијата.