На 10.07.2021 во 00,26 часот во СВР Штип било пријавена меѓусебна пресметка помеѓу повеќе лица.

Инцидентот се случил во дворот на Б.М (44) од Штип каде што имале семејна прослава. Во еден момент од спротивната куќа на Е.Д.(44) раегирале на веселбата. Настанала вербална расправија која преминала во физичка пресметка меѓу двете семејства со тврди предмети.

При тоа дел од присутните добиле со повреди, а било оштетено едно моторно возило, а направени се оштетувања и на двете куќи.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.