Одличната пејачка од Тузла Шејла Зониќ е победник на 17-тото издание на регионалниот музички натпревар „Ѕвезде Гранда“.
По деветмесечна битка, трудот и работата на менторите да им го дадат на кандидатите најдоброто за нив, конечно триумфираше еден од нив, а тоа според публиката и бројотна гласови беше Шејла Зониќ од БиХ.
Имаше вкупно 529.000 гласови. Третопласирана со 71.187 гласа е Андријана Петрушовска, второпласиран со 102.103 е Мики Секуловски, додека Шејла Зониќ освои вкупно 132.014 гласови и ја однесе победата.
Што добива победникот?
Како што претходно беше најавено, победникот на „Ѕвезда Гранда“ ќе добие статуа, песна и автомобил, како и комплетен маркетинг.
Не само што продукцијата ќе ги финансира најважните работи како телевизиските настапи, туку и најдобриот менаџерски тим ќе се грижи за настапите и гостувањата во најдобрите клубови и дискотеки.
170.000 евра за Гранд само од СМС пораките
Директорот на Гранд Саша Поповиќ ревносно соопшти дека оваа година е срушен рекордот на испратени СМС пораки, односно станува збор за бројка од над 529.000 гласови.
Ако се земе во предвид дека цената на една порака беше околу 20 денари, тоа значи дека само од СМС пораки заработката достигнува вртоглави 170.000 евра.
Колку само за споредба, автомобилот кој победникот го добива како главна награда, односно нова Шкода Камик, чини околу 20.000 евра.