Во средата околу 13 часот се случил инцидент на плажа во Хрватска пред хотелот во Стариград.

Имено, како што јавуваат хрватските медиуми, пијан Словак (61) од лежалка превртел 30 годишна Словенка, која паднала на земја, но за среќа не била повредена.

Туристот од Словачка, кој сакал лежалка за себе, бил уапсен од полицијата која му измерила 1,29 промили алкохол во крвта.

По отрезнувањето во полициската станица, тој бил однесен во Одделот за прекршоци на Општинскиот суд во Задар со обвинение за нарушување на јавниот ред и мир на особено дрзок начин.