Против обвинетиот Д.М.(42), Јавниот обвинител на Третото основно јавно обвинителство Белград до Третиот основен суд во Белград поднесе обвинителен акт поради сомнение за сторени две кривични дела семејно насилство.
Д.М. се сомнева дека ноќта на 28 август околу 21 часот и 30 минути во семејната куќа во Земун се заканил дека ќе ги убие поранешната сопруга и синот.
Пијан и рекол на жената дека е к***а и и’ се заканил дека ќе купи киселина и ќе и ја истури на гениталиите. Запалил и изгаснал пламен од запалка со која и се заканувал да и ја запали косата, дека ќе ја заколе со клуч од кола, дека ќе истури врело масло над неа, по што со раце ја грабнал ноќницата на оштетената, обидувајќи се да ја турне во подрумот.
Таа успеала да му се оттргне од рацете и истрчала во дворот, пријавениот се фатил и ја ставил раката преку нејзината уста за да не вреска, а потоа бил сопрен од неговиот син и соборен на тревникот, по што го фатил за врат оштетениот со десната тупаница заканувајќи му се дека ќе му го извади грлото и ќе го задави.
Д.М. потоа двапати го каснал синот за левото рамо и му нанел телесна повреда на синот.