МВР соопшти дека вчера (22 март) во 23.50 часот во Полициската станица Гостивар, 32-годишен маж од село од општина Маврово и Ростуше пријавил дека околу 23.10 часот во гостиварско село бил физички нападнат од С.Р., сестра на неговата сопруга.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, извести полицијата.