Маж ја убил сопругата која боледувала од рак. Тој сега е ослободен од затвор. Британецот Дејвид Хантер беше осуден на две години затвор за убиство на сопругата Јаница (74). Настанот се случил во 2021 година, а сега тој е ослободен од кипарскиот суд откако поминал 19 месеци во притвор.
Неговата сопруга боледувала од рак на крвта, а Хантер изјавила дека таа го „плачела и го молела“ да ѝ стави крај на животот, пренесува Би-би-си.
„Би сакал да им се заблагодарам на сите луѓе кои ми донираа, особено на моите пријатели и колеги од работа. Не знам каде би бил без нив“, рече тој додека го напушташе судот. Тој додаде дека не може да опише како се чувствува. „Посакувам да можам, би сакал да најдам зборови за да го опишам тоа, но не можам“.
Неговиот бранител Рица Пекри рече дека неговиот мотив бил „да ја ослободи сопругата од сето она низ што минувала поради нејзината здравствена состојба“.
Хантер изјавил дека никогаш немало да ја загуши сопругата со која бил 52 години, доколку таа не го молела да го стори роа. Тој вели дека решил да и ја исполни таа желба откако станала хистерична.
Британецот потоа се обидел да се предозира во нивната куќа во Пафос, но брзата помош пристигнала навреме и му го спасиле животот.
Судијата Михалис Друсиотис рече дека судот не се занимава со типичен случај. „Пред нас е уникатен случај на одземање на човечки живот врз основа на чувството на љубов, со цел да се ослободи личноста од страдањата предизвикани од нејзината болест“.
Ќерката на парот, Лесли Которн, ги опиша изминатите 19 месеци како „жив кошмар“ за нивното семејство. Таа додаде дека ѝ олеснало што нејзиниот татко бил ослободен и дека тоа значи дека конечно може да тагува за нејзината мајка.