Медицинска сестра од карантинската ковид болница Визма Атлет во Џакарта е суспендирана откако признала дека во болничкиот тоалет го соблекла своето заштитно одело, за да се впушти во интимни односи со маж заразен со корона ворис.

Шокантниот инцидент од Индонезија излезе на виделина по објавата на пациент на социјалните мрежи кој се пофали дека успеал да заведе медицинска сестра, за потоа да има и односи со неа, пренесува 7news.au.

Откако објавата на пациентот стана вирална, менаџментот на болница и полицијата започнаа истрага и открија за која медицинска сестра се работи и во кое време тоа се случило.

Сослушани се и пациентот и медицинската сестра која работела на спратот каде што тој лежел и двајцата признале дека една вечет „се впуштиле во акција“.

-Од самиот старт помеѓу нас постоеше некоја хемија. Двајцата очигледно си се допаѓавме еден на друг, а секогаш кога ќе дојдев во собата каде тој лежеше, се чувствував убаво. Се меѓу нас одеше спонтано и псоле неколку дена се случи тоа што се случи, вели медицинската сестра чие име не е откриено.

Пациентот исто така признал дека не се кае поради сек*сот со неа. Исто така, истакнал дека поради тоа „не жали што добил ковид“. По признанието, двајцата се тестирани, по што се заклучило дека медицинската сестра не префатила Ковид.

Официјалните лица потврдија дека според законите во Индонезија, двајцата можат да бидат кривично гонети, а за ова дело е предвидена казна од 10 години затвор.