Ѓорѓи Горѓиев од Струмица, кој беше тапанар во бендот на ДНК и фотографот Александар Ефремов, кој ги следеше Андреј и Панчо на скоро сите настапи низ државава, се меѓу загинатите во пожарот што се случи во дискотеката Пулс во Кочани.
Нивните пријатели, во неверување, се простуваат на социјалните мрежи.
„Ќе свириме горе кога ќе се најдеме“, напиша Ивона Јо во последниот поздрав до Ѓорѓи.
„Ќе играме кантер таму горе. Другарчино. Ќе фалиш премногу“ – стои во последниот поздрав од Антониа Гиговска до Александар.
Loading...
Loading...