Светот, регионот, а и Македонија познава мноштво познати деца и родители… Од светските актери како Тони Кертис и Џенет Ли и нивната ќерка, исто така светски познатата актерка Џејми Ли Кертис, до Цеца Ражнатовиќ и ќерка и’ Анастасија… Деца кои тргнале по истиот пат како своите татковци или мајки и влетале во слична професија…
Македонија не е исклучок… Од Розета Арсова и нејзината ќерка Славица, Гоце и Кристна Арнаудови, Војо и неговиот син Дамјан Стојановски, Наум Петрески и неговата ќерка Анастасија, преку брачната двојка Мики и Светлана Црнокрак и нивната ќерка Моника, па Соња и Мелани Тарчуловска или Мелита и Барбара Ракичевиќ…
Дали ги надминале своите родители, или повеќето се’ уште се во нивна сенка? Со чесни исклучоци, се чини дека се’ уште „старата гарда“ го „води колото“ на популарноста, барем кога е Македонија во прашање. Мелита и Барбара се еден од тие еклатантни примери. Ќерката покрај сето останато и заради својата младост и годините, зрачи со неодолива убавина и привлечност.
Мајката, сепак не се (пре)дава, па Мелита и понатаму изгледа атрактивно, привлечно, пожелно, секси, фатално… Што би рекла и самата, старее како убаво сортно вино.
Патем, не престанува да предизвикува со својата заводливост и фатална прилвлечност, огледана во телесниот раскош на бујната скопска трндсетерка и екс ТВ водителка. Оние малкумина кои имаат среќа да ја видат во живо одблизу, потврдуваат дека Мелита е се’ уште секс бомба… Или поточно, еротска!
Дека е тоа така останатите можат да се уверат на социјалните мрежи, каде расната скопска убавица секојдневно споделува фотографии и видеа… Понекогаш нови, понекогаш постари, но едно е сигурно… На нив провокативната Мелита секој пат „гори од страст“!
Естетските зафати, фотошопот и останатите фотоефекти не дека не помагааат, ама далеку од тоа дека може некого од „грдо пајче“ да претворат во грациозен лебед. Мора да поседувате и доволна доза на природна убавина однадвор, а пак она што го носите одвнатре ниту една операција или фотоефект, не може да ви го надомести.
Покрај сиот сексапил и возбуда со која зрачи уште на прв поглед, Мелита можеби на моменти некому малку му изгледа чудно, на моменти ексцентично и откачено, на моменти дури и „лудо“… Зависи со какви очи ја гледате. Или како што вели самата:
„Чудна сум им на чудните, луда на лудите. Добра сум им на добрите, Лоша – не сум, но кај лошите будам страв. Секој го гледа она што го носи во себе. Но, кој ме потценил, се зае*ал“!