Србија веќе неколку дена е погодена од силно невреме проследено со град. И додека разни теоретичари на заговор веднаш се јавија да објаснат како настанале таквите (чудни) облици на град, метеорологот Ѓорѓе Ѓуриќ истакнува дека станува збор за сосема нормална и природна појава.
Тој посочи и дека градот е сосема нормална појава за овој период од годината и дека многу помоќни земји, како Америка, тешко се справуваат со него.
– Градот е вообичаена појава за овој период од годината, за среќа ретко од ваков облик. Создаден е во кумулонимбуси, моќни облаци со вертикален развој кои можат да стигнат дури и до слојот на стратосферата. Температурата е многу ниска таму, а зрното град може да помине неколку пати додека не ја надмине таа струја, па затоа пречникот на градот е толку голем – вели Ѓуриќ.
Тој исто така посочува дека обликот на градот зависи од многу фактори, вклучувајќи го и присуството на водена пареа и дека не постојат теории на заговор кога станува збор за ова.
– Зрната на градот често се судираат во кумулонимбусите, односно овие големи форми, а обликот на градот зависи и од тоа дали има капки вода, дали градот е проѕирен или непроѕирен, кога имаме водена пареа тоа е сосема природна појава – вели метеорологот Ѓорѓе Ѓуриќ за ТВ „Прва“.