Почнувајќи од вечерва, како и утре на пладне Македонија ја очекуваа променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, изјави за Телевизија Алфа, дежурен синоптичар дипл.инж. метеоролог Ленче Ризова.
– Уште во текот на ноќта очекуваме да имаме зголемена облачност. Ќе имаме период на локална нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи во делови од земата, кои ќе продолжат и утре во претпладневните часови. Пороен дожд, грмежи повеќе во источните делови, па и во Пелaгонија, со тоа што кон крајот на денот веќе има намалување на облачноста, престанок на врнежите и постепено стабилизирање на атмосферата. Ќе дува утре умерен, наместа вдолж Поварадрието и повремено засилен ветер од северен правец, рече Ризова.
Според неа, дневните температури ќе бидат пријатни, во интервал од 22 до 30 степени, што значи нешто слично на денешните, со тоа што ќе имаме во извесен период од денот зголемување на облачноста.
Од петок се очекува стабилно време, а температурите ќе постепено ќе растат. Од наредната недела повторно се очекуваат многу високи температури.
– Веќе од петок ќе имаме температури во интервал од околу 32 степени и постепено недела и понеделник, за да веќе вторник-среда имаме температури од 37 до 38 степени, заклучи Ризова.