Докторката од српското село Бачко Душаново кај Суботица, Тијана Павиќ (40), загина на крајот на мај 2018 година во верижен судир што се случи на автопатот меѓу Нови Сад и Белград. По повеќе од две години чекање да започне судењето, Основниот суд во Стара Пазова го осуди на две години затвор Вељко И. (20), кој директно се заби во автомобилот на настраданата.

Семејството на Тијана смета дека пресудата е поразителна.

– Беа со нас на вечера и заминаа за Белград. Во текот на ноќта стигна страшната вест дека Тијана починала. Иако е јасно што се случило, предметот бил во нечија фиока повеќе од две години, а кога било покренато обвинението, човекот кој ја убил бил во бегство, а само три месеци подоцна бил уапсен. Ми го уби детето на лице место, нејзиниот вереник 20 дена беше во кома и сега има траен инвалидитет, а неколку лица се повредени. За сето тоа доби само две години затвор, минимална пропишана казна за кривично дело тешки дела против безбедноста во сообраќајот – вели за Новости таткото на загинатата Тијана, Александар.

Семејството се жалело до Апелацискиот суд во Нови Сад, кој ја потврди првостепената пресуда, а сега жалбата е испратена до Врховниот касационен суд.

– Александра со години работеше како лекар во Здравствениот дом во Суботица. Таа несебично им помагаше на луѓето, се бореше за нивните животи. Сепак, немаше помош за неа. Затоа сега се бориме за правда. Затоа што ова е порака дека секој може да дивее по патиштата, да убие невин човек и да добие минимална казна за тоа – додава таткото.

На 23-ти мај 2018-та година на автопатот меѓу Нови Карловац и Стара Пазова се случија две сообраќајни несреќи. Најпрво возач на БМВ удрил во камион кој се испречил и зад кој се формирала колона возила.

На самиот крај од колоната, со вклучени четири трепкачи, стоело „рено клио“ во кое се наоѓале д-р Тијана и нејзиниот вереник Зоран П. На нив со полна брзина налетал камион со регистерски таблички од Шабац управуван од Вељко И. (20). Тијана починала на лице место, нејзиниот вереник беше тешко повреден, а други пет лица се здобиле со различни повреди.