Пејачот и финалист на „Ѕвездите на Гранд“, Мики Секуловски ја дувна роденденската свеќичка и си замисли желба. Блиските за 38-от роденден, го израдуваа со торта на која имаше музички ноти, а фотографиите од прославата тој ги објави на своите социјални мрежи.
Илјадниците лајкови и стотиците коментари со прекрасни роденденски желби дополнително му го разубавија денот, по што пејачот им се заблагодари на сите за посебните желби и одвоеното време.
– Ви благодарам за прекрасните честитки! ❤️❤️❤️, напиша Мики на социјалните мрежи.