Една корисничка на социјалните мрежи по име Мила постави прашање со надеж дека ќе добие одговор на нејзиното прашање, но немаше поим дека фотографијата што ја објави ќе предизвика толку многу коментари и внимание. Уште помалку се посомневала дека нејзиното откритие е потенцијално опасно.

Станува збор за фотографија од девет ситни бели јајца кои оваа жена ги пронашла во песокот. Бидејќи не знаела чии јајца можат да бидат, решила да го постави прашањето на групата „Живот во село“ на Фејсбук. Набрзо таа доби, во најмала рака, многу интересни одговори.

– Враќај ги тие јајца од каде што си ги зела, за да не ти дојде мајката на тие јајца дома да ти ги земе. Луѓето си го пикаат носот кај што не треба. Секоја чест за змијата на прекрасните јајца – гласи еден од коментарите кој предизвика најмногу реакции. Сепак, друг корисник беше малку посериозен.

– Изгледаат како да се од змија. Ставете го над свеќа или фенерче, треба да можете да видите што има внатре. А ако се од змија, внимавајте да не се изведат, ако се од отровна змија, младите веднаш имаат многу силен отров – советуваше тој.

Покрај сомнежот дека јајцата се змиски јајца, се појавија и шпекулации дека може да се од гуштер или од желка. По сето она што го прочита, веруваме дека жената пронаоѓач зажалила што некогаш отишла во близина на овие јајца.